Филипче: Не се точни тврдењата дека нема протоколи за лекување на Ковид-19

Од:

Тврдењата дека не постои протокол за лекување на пациентите заболени од Ковид-19 се неточни, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Во нашата земја, во моментов околу 1.000 пациенти се на болничко лекување, а капацитетите се најоптоварени во Тетово и Гостивар, каде е и најмал бројот на имунизирано население.

Во однос на тврдењата дека пациентите не се лекуваат по протокол, министерот Венко Филипче изјави дека во секоја здравствена установа во земјата има протокол, препорака, терапија и индикација за терапијата, а пациентите се соодветно лекувани.

„Никаде нема унифициран пристап за лекување од Ковид. Некаде има препораки, во зависност од клиничката слика на пациентот“, рече тој, додавајќи дека најзастапена возрасна група на хоспитализирани пациенти е онаа над 60 години, а од смртните случаи најголем број се граѓани постари од 70- годишна возраст, кои имале и други придружни сериозни болести како карцином како нерегулиран дијабетес, срцеви заболувања или биле подложни на повеќе хируршки интервенции.

„Нашиот систем, за лекарите и медицинските сестри, е во секој Ковид центар да има експерт, специјалист, пулмолог или интернист од областа на пулмологијата или инфектолог и тие работат по истите препораки“, истакна Филипче.

Од вчера, на интерните клиники во Скопје повторно се отворија ковид-центри, со што бројот на болнички капацитети дополнително се зголеми, а во кои се следи поставениот терк како и во претходниот бран – пулмолози прават утрински и вечерни посети на пациентите и истите се во континуирана комуникација со лекарите, коишто и преку ден ги третираат пациентите во овие одделенија.

За стабилизирање на епидемиолошката слика, министерот е дециден дека клучен фактор е вакцинацијата и имунизирањето на што поголем број граѓани, посочувајќи дека бројот на починати лица коишто се вакцинирани е навистина е многу мал што ја докажува и ефикасноста на вакцината, а тоа е дека многу пати дваесетина пати го намалува ризикот од смрт.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Филипче најави тужба за клевета против Николоски – го нарече „кафански озборувач“

Филипче: Со црна кампања ВМРО-ДПМНЕ бараат алиби за лошиот резултат кој ги очекува

Горан Наумовски

Филипче: Додека се боревме со три кризи ги решававме и стратешките прашања

Филипче: Платите на општите лекари ќе се качат до 140.000 денари на медицинските сестри до 90.000

Предраг Петровиќ

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците