Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

Од:

Мерките на владата се задоцнети и нецелосни, а премиерот Мицкоски наместо конкретни мерки се потсмева на потребите на граѓаните, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

„Мерките се апсолутно задоцнети и не само што се задоцнети туку се и нецелосни и тоа што примерот го кажува на некој начин е потсмевање, со потсмев се однесува кон вистинските потреби на граѓаните. Тие бараат помош, а нема ништо од владата. За какви мерки зборува премиерот? Треба граѓаните да видат нешто навистина што ќе почувствуваат во смисла на бенефит, намалување или ако ништо друго ограничување на цените“, рече Филипче.

Тој додаде дека поради ненавремени и задоцнети мерки, цените на храната веќе се енормно пораснати.

„Дека мерките се задоцнети тоа е факт. Започна спиралата на покачување на цените на храната. Сè е поскапено, сите основни прехранбени продукти се поскапени, од млечни производи, производи од јајца, зејтин, месни производи, производи, овошје, зеленчук, сè е поскапено за 10, 20, 30%. И да почне да се намалува цената на нафтата, тие цени нема да се вратат назад“, рече Филипче.

Притоа, Филипче посочи дека премиерот Мицкоски манипулира со цените на горивата и прави несоодветни споредби со другите земји.

„Не гледам што објаснува премиерот кога кажува дека ќе има само мало зголемување на цената на дизелот. Мерките се да има намалување или да има зголемување? Ние сме очигледно единствена земја во регионот и веројатно во Европа што воведува мерки, а цените на горивата растат. Таква земја едноставно нема. Гледаме дека слична цена на горивата има во Хрватска, има во Словенија, но таму минималната плата е од 1.000 до 1.500 евра, а кај нас минималната плата е околу 400 евра“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

(ВИДЕО) Филипче: Задоцнета e мерката на Мицкоски – нема намалување на цените на горивата

А1он

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски