Филип Беличевски го фати светиот крст во Отешево

Од:

Деветнаесет годишниот Филип Беличевски од Ресен беше најсреќен меѓу 30-тината верници што скокаа по светиот крст во водите на Преспанското Езеро во Отешево.

Беличевски, кој прв пат скока по светиот крст, на сите им посака здравје и среќа во годината што претстои. Од општина Ресен беше даруван со телевизор, а подароци доби и од Македонската православна црква и од спонзорите.

– Во духот на долгогодишната ресенска, преспанска, но и македонска традиција на одбележување на Богојавление – Водици најбрзиот и највештиот Филип успеа прв да стигне до светиот крст. Честитки до сите оние што на ова исклучително студено време имаа храброст, но пред се Божја волја да се фрлат во водите на Преспанското Езеро, истакна градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезовски.

Чинот за осветување на водите го водеа свештеници од Преспанско-пелагониската епархија од ресенското архиерејско намесништво.

Би можело да ве интересира

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје