Македонската Влада денеска побара разрешување на Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, поради утврдени сериозни професионални прекршувања во управувањето со Обвинителството.
На денешната седница, Владата го утврди предлогот за разрешување на Коцевски и ќе го достави за понатамошно постапување до Советот на јавни обвинители и Собранието на Република Северна Македонија.
Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, оцени дека обвинителот Коцевски го загубил легитимитетот и кредибилитетот да ја извршува функциијата и треба веднаш да биде сменет.
– Владеењето на правото и интегритетот на институциите се клучни во едно демократско општество, истакна Фетаи.
Тој нагласи дека главните причини за разрешувањето на Коцевски се лошото управување со Јавното обвинителство, прекршувањето на обврската за зачувување на тајноста на постапките и нарушувањето на угледот на институцијата и на личниот интегритет на обвинителот.