Факултетот за медицински науки на ДУТ доби акредитација

Од:

Факултетот за медицински науки на Државниот универзитет во Тетово доби финална акредитација од комисија при Министерството за образование и наука, информираше денеска Вулнет Амети, ректор на ДУТ.

Според него, со ова се затвора прашањето во врска со работењето и наставно-научните активности на овој факултет.

„Факултетот многу скоро ќе располага со најсовремена опрема со цел наставата да се одвива во нормални услови, ќе ги отвориме потребните лаборатории за сите оддели, како интерна, претклиничка и клиничка медицина. Ние како раководство на ДУТ се обврзуваме Факултетот за медицински науки што веќе е акредитиран да го претвориме во институција со европски и светски стандарди, каде што во фокусот ќе бидат студентите на патот за формирање на квалитетни лекари и стручни кадри во областа на медицината, како од теоретски така и од практичен аспект“, рече Амети.

Со цел да се создадат подобри лекари и стручен кадар што ќе гарантира квалитетни здравствени услуги, ректорот на Државниот универзитет во Тетово во наставниот процес најави вклучување на познати професори од областа на медицината од земјата и од странство.

Г.М.

Би можело да ве интересира

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ