„Здружението „Факултет за работи што не се учат“ (ФРУ) најостро ги осудува лагите и невистините упатени кон Здружението од страна на движењето „Стоп Операција Сорос“ (СОС) на пресот оддржан на 04.02.2017 год. и ги отфрла во целост како неточни, непрофесионални, нечесни и малициозни лаги наменети за наштетување на угледот и
чесноста на работата на „Факултет за работи што не се учат“ и нивните колеги и партнери.
Здружението ФРУ најостро ги осудува злонамерните клевети и тенденциозните суми на пари кои му се ставаат на товар на ова здружение, за, како што вели Цветин Чилиманов (Mакедонија 24.мк), прво дека се работи за организација која „организираат настани во кои што се јавуваат ликови кои што генерално ја поддржуваат опцијата на СДСМ, опозициската партија “, а како второ, Чилиманов констатира дека е дел од „организации кои што се локални активни и практично дејствуваат како локални партиски штабови на СДСМ“. Исто така перфидна е изјавата на г-динот Чилиманов дека во време на политичка криза органиацијата троши беспоштедно средства или како што вели тоа е„организација која во критичниот период на генерирање на политичката криза во Македонија земала околу 1.850.000 ден. или над 30.000 евра“.
Сите овие изјави на г-динот Чилиманов дека здружението ФРУ е „партиски штаб“, дека „добива пари во време на политичка криза“ инсинуирајќи дека сите активности ги прави за дневно политички цели и дека во настаните се јавуваат членови на СДСМ а не за сите граѓани се погрешни и здружението најостро ги демантира.
Здружението за култура и уметност „Факултет за работи што не се учат“ е основано во 2003 год. како платформа од повеќе уметници и студенти по театарска и ликовна уметност и архитектура за продуцирање на настани од областа на современата култура и уметност. Како здружение на граѓани примарната идејата на оваа органзиација е создавање на простор за нивно активно учество во креирањето на јавниот ангажиран социјален и уметнички дискурс во заедницата.
Една од главните активности на ФРУ е АКТО фестивалот за современа уметност во Битола кој се организира од 2006 год. како најобемна активност на организацијата ФРУ. Организацијата во своето 15 – годишно постоење била член на неколку регионални платформи од областа на современата култура и уметност како и соработувала на интернационални проекти и фестивали како фестивалите Перфрације (Загреб) и Culturscapes (Базел), регионалните мрежи BCC / balcan can contemporary и Urban Hum, и регионалните проекти Слушајќи ја публиката, ЖИВИ БИБЛИОТЕКИ:, If buldings could talk и други.
Само на годинешниот фестивал АКТО, кој го доби поднасловот ПОП АП АКТО Фестивал и кој се реализираше во четри града низ Македонија (Битол, Скопје, Штип и Тетово) беа вклучени тим од 68 соработници кој работеше на реализација на фестивалот (куратори, координатори, техничари, волонтери), имаше 230 учесници (уметници, активисти, музичари, ДЈ-и, теоретичари на културата, изведувачи)и 27 партнерски и програмски соработници (организации, фондации, граѓански иницијативи, јавни установи од областа на културата, идавачки куќи, медиуми, уметнички академии, приватни локали).
Здружението „Факултет за работи што не се учат“ ги квалификува изјавите на СОС како тешка навреда и клевета, и бара од истото јавно извинување во рок од 7 дена како и интегрална објава на овој Демант на сите медиуми кои беа вклучени во објавата на невистините на СОС. Во спротивно, Здружението ќе поднесе тужба за навреда и клевета во согласност со Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда“, се вели во демантот на „Факултет за работи што не се учат“.