„Европската унија планира да ги утврди критериумите врз основа на коишто ќе може да се суспендира безвизниот режим на Србија“, пишува српски Блиц
Се размислувало условите да бидат заострени ако дојде до зголемување на бројот на лажни азиланти во рок од три месеци.
Известувачот за визната либерализација на Европскиот парламент, Тања Фајон очекува дека наскоро на членките на ЕУ, ќе им биде овозможено поединечно да го укинат безвизниот режим за Србија.
Фајон посочува дека поголемиот број на држави на ЕУ се подготвени да го поддржат повторното воведување на визи и ако тоа биде случај, на Србија ќе и биде тешко да се врати на белата шенгенска листа. Фајон, сепак, изрази надеж дека механизмот за суспензија на безвизниот режим никогаш нема да биде применет.