Езерото „Младост“ може да се користи за капење

Од:

Според најновите податоци на ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес, реката Вардар кај Велес е во петта класа по присутност матност, но и по бактериолошка контаминација, и во трета класа по присусутво на суспендирани материи, фосфати, нитрити и аманијак, како и по БПК-5.

Тоа значи, потенцира д-р Снежана Петрова специјалист по хигиена, дека водите на реката Вардар во Велес, како и во изминатите лета, не треба се користат ниту за капење, ниту за рекреција, ниту за наводнување на земјоделските производи.

– Сето тоа бидејќи користењето на овие води може да предизвика разни болести по здравјето на луѓето, животните и земјоделските производи и затоа треба строго да се избегнуваат, предупредува д-р Петрова.

Што се однесува на водите на реката Тополка во Горниот тек над Велес, по бактериолошка контаминација односно загаденост е од втора класа, но и зголемена матност, која според д-р Петрова, не е штетна по здравјето на луѓето и може да се користи за капење рекреација и наводнување.Но, Тополка во долниот тек кај Велес пред вливот во реката Вардар е во 5-та класа по присутна матност и бактериолошка контаминација и 3-та класа по присуство на нитрити,фосфати и суспендирани материи. И водите на Тополка не смеат да се користат за капење, рекреација и наводнување, предупредува д-р Петрова.

Водата на реката Бабуна во горниот тек одговараат исто како и кај Тополка и се од втора класа и можат да се користат за капење, рекреација и наводнување, но во долниот тек пред вливот во Вардар и истекот на води од околните индустрии реката Бабуна исто како и Вардар, станува мртва река од 5-та класа и незјините води строго се забрануваат и за капење и за рекреација и за наводнување, предупредува д-р Петрова.

Што се однесува на рекреативното велешко Езеро „Младост“ според континуираните мерење односно земање мостри од водата на стручните екипи на Центарот за јавно здравје од Велес, ова езеро е во втора класа по бактериолошка контаминација, односно тоа се однесува на зголемена матност и сатурација, а која според д-р Петрова, не се одразува штетно по здравјето на луѓето и може да се користи и за капење и за рекреација и за наводнување на земјоделските култури.

Би можело да ве интересира

Мајка и ќерка се тешко повредени во сообраќајка на пругата кај Стар Мост во Велес

Горан Наумовски

Насилник од Велес им избега на шест полицајци, иако еден од нив пукал во воздух за да го исплаши

Петгодишно дете од Велес е повредено во сообраќајка, итно е пренесено на скопските Клиники

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ