Европски новитети во физичкото образование од прво до петто одделение во Македонија

Од:

Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ) при УКИМ, во партнерство со Бирото за развој на образование при МОН, Факултетот за спорт на Универзитетот од Љубљана, Словенија и Нациналната Спортна Академија од Софија, Бугарија, реализира проект од програмата Ерасмус + „Подобрување на квалитетот на физичкото образование на ниво на основно образование и презентирање на неговата важност и значење за здравјето и доброто на генерациите кои доаѓаат“(2017-2019).

По тој повод ФФОСЗ ќе ја организара и првата конференција, на која ќе се говори за важноста и придобивките од воведување на проектот „тандем-партнер наставници“, (одделенски наставник и предметен наставник на часот по физичко и здравствено образование) од прво до петто одделение. Проектот предвидува пилот истражување во шест општини (Центар, Карпош, Чаир, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром).

Според организаторите, целта на проектот е подобрување на квалитетот наставата по физичкото образование, со цел унапредување на физичките способности, моторните вештини и знаења од областа на физичката и здравствена култура, поради зачувување на здравјето низ примена на правилно и редовно физичко вежбање во современите услови на живот и работа.

– Проектот квалитетно физичко образование, ќе придонесе уште во раната возраст децата да стекнат спортски навики, спортска социјализација, намалување на телесните деформитети, прекумерната телесна тежина и ќе биде сериозен фактор во борбата против пороците (алкохол, дрога, агресивно однесување), во современото општество.

На конференцијата ќе бидат презентирани и искуствата од повеќе европски земји. Како рол-модел на проектот е Словенија, која веќе 15 години го практикува овој модел и ги има бенефитите по здравјето на децата низ развојниот, рекреативниот и врвниот спорт.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска