Европарламентот уште еднаш го одложи усвојувањето на Резолуцијата за Македонија

Од:

Европскиот парламент ниту неделава нема да гласа за Резолуцијата за Република Македонија, а во однос на прогрес-извештајот на Европската комисија за нашата земја за 2016 година, јави дописникот на МИА од Стразбур. Како што потврдија од Европарламентот, ниту неделава на пленарната седница во францускиот град на културата нема да се гласа за Резолуцијата за Македонија, но и за Србија, Косово и Албанија, како останати земји од процесот на проширување.

Причината за новото одложување, со оглед на тоа што за Македонија и другите земји-кандидати за членство во Европската унија од Балканот требаше да се изгласа Резолуцијата уште во март оваа година, се говори дека е се уште несредената политичка состојба во сите овие земји. Имено, во Македонија веќе шест месеци нема создадено Влада и политичката криза се уште трае и покрај мирниот изборен ден на 11 декември минатата година. На Косово, пак, минатата недела започна политичка криза поради распуштањето на парламентот од страна на претседателот Хашим Тачи и закажување за на 11 јуни предвремени парламентарни избори, додека во Албанија е силна политичката криза и извесно е дека претстојните редови избори закажани за 18 јуни ќе се одржат без учество на опозицијата.

Како што е познато, во февруари оваа година, Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европарламентот со убедливо мнозинство ја усвои Резолуцијата за Македонија, која сега очекува потврда на пленарна седница на ЕП, во која ја потврди условената препорака за отворање на преговорите за членство на македонската држава во Европската унија.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Освен од бугарските пратеници од десницата, широка поддршка за С. Македонија во ЕП

Ана Ололовска

Дебата во Европарламентот за С. Македонија и регионот

Ана Ололовска

ЕП утре ќе расправа за годишниот извештај за С. Македонија, бугарските европратеници нема да ги поддржат амандманите за непримерно однесување на Софија

Ана Ололовска

Османи ќе се обрати пред пратениците во Европскиот Парламент

Ана Ололовска

Османи утре ќе се обрати пред пратениците во Европскиот Парламент

Ана Ололовска