ЕВН гради нова траса за далекуводот во Драчево

Од:

ЕВН Македонија почна итна изградба на привремена нова делница од 110 киловолтниот далекувод во Драчево како единствено најбрзо решение на проблемот со снабдувањето со електрична енергија на корисниците од оваа населба.

Од компанијата најавуваат дека поставувањето на нов решеткаст 110 киловолтен столб на местото на оштетениот од лизгање на земјиштето предизвикано од трети лица ќе трае повеќе дена, а во меѓувреме со привремената мрежа ќе се избегнат ограничувањата на потрошувачката во однапред одредени временски интервали.

Оттаму посочуваат дека со изградбата на двата портални дрвени столба ќе се активира Трафостаницата Драчево 1 ( 110/10 киловолтна) со што во целост ќе се надминат проблемите во снабдувањето.

– ЕВН Македонија ги вложува максималните напори да се надмине ваквата состојба предизвикана од трета страна, затоа работи на санирање на оштетениот столб, поставување на привремен нов далекувод и веќе двојно ја зголеми моќноста на Трафостаницата Драчево 2, велат од ЕВН Македонија.

Би можело да ве интересира

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час