Со евергрини и електронска музика ќе биде одбележан Денот на независноста

Од:

Со забава на отворено во дворот односно во паркот покрај зградата на Владата во 18:30 часот почнува одбележувањето на 8 Септември, Денот на независноста.

Најмладите со нивните семејства ќе се забавуваат со програмата што за нив ја подготвува Петко и 5+ Бенд. Забавно-музичкиот дел за возрасните ќе почне во 19:30 часот и ќе трае до 23.30 часот. Оркестарот на Македонската филхармонија, заедно со Тамара и Тијана, ќе ги изведат најубавите македонски евергрини, соопшти владината прес-служба

Пред присутните ќе се обрати претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Музичкиот дел од програмата ќе продолжи со Македонската филхармонија и маестро Џијан Емин кои ќе се претстават со проектот „Оригинатор“ на продуцентот на електронска музика, Хуан Аткинс. Во завршницата на музичката програма ќе настапат и познатите домашни ди-џеи, Феки Фарис и Огнен Узуновски – Оги.

Владата на Република Македонија ги кани сите граѓани да бидат дел од големата прослава на овој наш празник, стои во соопштението од владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Мицкоски: Сите настани поврзани со прославата на 8 Септември, граѓаните и Буџетот ги чинеа нула денари

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Рубио: САД се горди што стојат покрај С. Македонија како доверлив сојузник и партнер

А1он

Мицкоски: Мора да успееме – народот научил како да преживува, а сега мора да научи како да победува во мир

А1он

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски