ЕСП: ДУИ призна дека казино бизнисот им е најголемо достигнување во мандатот

Од:

Денес добивме уште една потврда дека ДУИ се во огромна паника. Стравот од кривична и политичка одговорност за сторениот криминал ги тера очајно да се обидуваат да си ја одлепат етикетата дека станаа казино партија. Иронија е што Артан Груби се обидува криминалот со казино бизнисите да ги претстави како политички триумф на ДУИ. Не постои поголем срам за Али Ахмети кога влезот на српското мафијашко подземје во интернет коцкањето благодарение на жртвеното јагне Перпарим Бајрами се претставува како врвен политички дострел. Ова е дно за ДУИ кој од партија која се бореше правата на Албанскиот народ се сведе на пералница на валкани пари, се вели во реакцијата на Европски сојуз за промени.

– Албанскиот народ знае дека дистанцата од 500 метри од образовни институции е само мамка за да се скријат законските одредби кои треба му овозможат на Груби да си ги полни џебовите со народни пари. Во последните 4 години за ВЛТ апарати Груби расфрли 40 милиони евра. Само во еден ден пред формирањето на Техничката Влада купи ВЛТ апарати за 12 милиони евра. Наместо учебници, училишта, амбуланти, болници, спортски сали и други стратешки објекти, парите се потрошија на труење на нашите деца и млади.

Артан Груби ќе остане запаметен дека со негов печат се отворија три фирми за интернет коцкање со што му го донесоа злото на народот дома. Младите преку мобилните телефони стануваат потенцијални жртви на алчноста на казино фирмите кои се ортаци со ДУИ. За сите овие гревови ќе следи политичка и кривична одговорност. Европскиот Сојуз за Промени после 8 мај ќе донесе нов закон со кој сите форми на игри на среќа ќе бидат затворени – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Кандидатот на Европски сојуз за промени го помина комисискиот филтер за члeн на ДИК

Арбен Таравари претседателски кандидат на албанската опозиција

Во трка за член на ДИК останува само кандидатот на здружената албанска опозиција

Катерина Ѓуровски

Има ли Таравари аспирации за претседателски кандидат: Касами го предлага, тој молчи

Лидерите на Европски сојуз за промени и Tаравари на Косово на средба со Курти

Катерина Ѓуровски

Европски сојуз за променa: За четири години владеење, Артан Груби инвестирал 25 милиони евра во опрема за казино

Катерина Ѓуровски