А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЕП: Или Влада наредната недела или ЕП ќе го одложи гласањето за Резолуцијата

by А1он03/03/2017 - 14:2703/03/2017 - 15:23219
Share0

Европскиот парламент ќе го одложи гласањето на пленарна седница за Резолуцијата за Република Македонија, доколку земјата следната недела не добие Влада, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Добивај вести на вибер

Високи официјални лица на Европарламентот, во изјава за МИА потврдија дека европратениците не сакаат да ја усвојат Резолуцијата што претходно ја изгласа Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на ЕП на пленарна седница во Стразбур, закажана за 14 и 15 овој месец, доколку дотогаш нема некаква разврска на македонската политичка сцена.

– Иако на пленарната седница во Европскиот парламент во Стразбур на 14 и 15 март требаше да ги изгласаме резолуциите за сите држави од Западниот Балкан, сепак, официјално е веќе одложено гласањето за Резолуцијата за Србија, поради нашата желба да не влијаеме на претседателските избори во оваа земја што ќе се одржат на 2 април. Ист е случајот и со Македонија. Ако до 13-ти овој месец нема разврска, односно не биде избрана нова Влада, тогаш и Резолуцијата за Македонија ќе биде одложена и заедно со српската ќе бидат гласани на пленарната седница на ЕП следниот месец, информираше висок претставник на Европарламентот, инсистирајќи на анонимност.

Со 54 гласа за и само осум против, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент минатата недела ја усвои предлог-Резолуцијата за напредокот на Република Македонија во европските интеграции во 2016 година, каде по осми пат препорача отворање на пристапните преговори за влез во Европската унија. Но, за Резолуцијата да биде полноважечка, потребно е и целиот состав од 751 европратнеик да гласа за неа, што се прави на пленарна седница што се одржува еднаш во месецот.

ep

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска24/05/2023 - 08:21

Освен од бугарските пратеници од десницата, широка поддршка за С. Македонија во ЕП

Ана Ололовска25/03/2021 - 14:25

Дебата во Европарламентот за С. Македонија и регионот

Ана Ололовска25/03/2021 - 12:25

ЕП утре ќе расправа за годишниот извештај за С. Македонија, бугарските европратеници нема да ги поддржат амандманите за непримерно однесување на Софија

Ана Ололовска24/03/2021 - 08:4024/03/2021 - 08:40

Османи ќе се обрати пред пратениците во Европскиот Парламент

Ана Ололовска10/12/2020 - 08:17

Османи утре ќе се обрати пред пратениците во Европскиот Парламент

Ана Ололовска09/12/2020 - 12:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен