ЕП го одложи гласањето за резолуцијата за Македонија

Од:

Европскиот парламент нема да гласа неделава за резолуцијата за Република Македонија во однос на прогрес-извештајот на Европската комисија за 2016 година.

Иако неделава на пленарна седница во Стразбур требаше да се гласа за резолуцијата за македонската држава, европратениците одлучија да го одложат гласањето најмалку за идниот месец, поради продолжената политичка криза во земјата.

Ако претходно извори од Европарламентот брифираа дека статус-кво состојбата во Македонија ги принудува да го одложат гласњето за резолуцијата што претходно ја изгласа Комитетот за надворешни работи на ЕП, денеска и официјално стана јасно дека Македонија ќе почека на својот извештај од европскиот законодавен дом. Имено, во најавата за темите за кои европратениците ќе гласаат на „пленарката“ што неделава ја имаат во францускиот град, се најде само резолуцијата за Црна Гора, додека Македонија, Србија и останатите земји-кандидати ќе почекаат на мислењето од Европскио парламент.

Инаку, во претходно усвоената Резолуција во т.н. АФЕТ-група на Европарламентот, Македонија доби осма последователна препорака за отворање на преговорите за члеснтво во Европската унија, но условена со целосно исполнување на договорот од Пржино и на итните реформски приоритети на Европската комисија. За да биде полноважечка, резолуцијата мора да биде изгласана и од страна на сите 751 пратеници во Европскиот парламент. Резолуцијата нема правно дејство, туку само советодавно им служи на ЕУ-институциите и на земјите-членки на Унијата.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Освен од бугарските пратеници од десницата, широка поддршка за С. Македонија во ЕП

Ана Ололовска

Дебата во Европарламентот за С. Македонија и регионот

Ана Ололовска

ЕП утре ќе расправа за годишниот извештај за С. Македонија, бугарските европратеници нема да ги поддржат амандманите за непримерно однесување на Софија

Ана Ололовска

Османи ќе се обрати пред пратениците во Европскиот Парламент

Ана Ололовска

Османи утре ќе се обрати пред пратениците во Европскиот Парламент

Ана Ололовска