Eксперти од Англија и наши доктори подготвуваат протокол за лекување на повредените од дискотеката во Кочани

Од:

Веќе имаме неколку експерти од Англија, кои заедно со нашите доктори подготвуваат евалуација, односно протокол, за да се процени тежината на клиничката слика по што ќе ги тријажираме пациентите, каде треба да продолжат да се третираат. Дали ќе треба тука, дали ќе треба во тие држави што нудат помош да се третираат таму, изјави министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција за повредените пациенти од трагедијата во Кочани.

– Сега имаме експерти за изгореници кои заедно со нашите екипи подготвуваат протоколи, појасни Таравари.

Тој рече дека очекуваат информации за опис на состојбата на пациентите во странство, за да се планира колку ќе се третираат во државава, а колку надвор од неа.

Министерот рече дека во Литванија имало еден пациент, кој сега бил во добра состојба, а надлежните таму планирале да го задржат уште еден месец, со цел рехабилитацијата да биде комплетна.

– Можеби ќе има и од другите држави, од овие 48 пациенти, за коишто државите се подготвени без финансиски надомест да задржуваат одредени пациенти за подолгорочен третман, додека ние веќе се подготвуваме од идната недела, се надевам, во „8 Септември“ да се доекипираме и да се подготвуваме одреден број на пациенти да ги третираме во наша здравствена установа, за тие потешки пациенти, појасни Таравари.

Тој повтори дека неколку држави изразиле интерес да помогнат за најтешките пациенти на кои им е потребна рехабилитација.

– Не се работи само за физикален третман, туку треба да речам така, повеќе начини на рехабилитација – и респираторна и физикална, меѓутоа и психичка рехабилитација, додаде министерот за здравство.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна рано наутро на 16 март. Во трагедијата, животот го загубија 61 лице, а близу 200 беа повредени. Во моментов девет лица се лекуваат во болници низ Скопје, а 48 во странство.

Би можело да ве интересира

Вештачење за „Пулс“: 157 лица со тешки повреди, 65 повредени – меѓу нив и деца

„Деко, со кое лице бараш олеснување на мерките – ова е понижување на споменот на нашите деца“

А1он

Драма во судницата на рочиштето за „Пулс“: Повикана беше Брза помош за обвинетиот Дејан Јованов-Деко

Горан Наумовски

Судење за „Пулс“: Сведокот Јосифов изјави дека немало раководител на инспекцики служби

Горан Наумовски

Сведок за „Пулс“: И покрај рацијата, забавата продолжи се до пожарот

Судење за „Пулс“: Oбвинетиот газда на дискотеката Дејан Јованов-Деко бара куќен притвор

Горан Наумовски