EKСКЛУЗИВНО: Опозицијата обвини – Велјаноски крие документ

Од:

Опозицијата револтирана, обвини дека претседателот на Собранието Трајко Велјаноски го крие писмото од Секретаријатот на енергетска заедница.

Ова тело, го критикува законското решение, и бара симнување на законот за експропријација од од дневниот ред на собраниската седница.
Велјаноски тврдеше дека таков документ до него не е стигнат, а опозицијата го покажа документот.

А1 дојде до документот од Секретаријатот на енергетската зедница.

Документот од енергетската заедница од Виена, е адресиран до претседателот на Собранието Трајко Велјаноски и до вицепремиерот Владимир Пешевски и е испратен на 20-ти јули.

Секретаријатот, изразува голема загриженост од Законот за експропријација бидејќи ќе има негативно влијание врз инвестициите.
Сигналот, се вели, во писмото, кој се испраќа до постојните и потенцијалните инвеститори во енергетскиот сектор е несигурен и со зголемен регулаторен ризик. Ова, се вели, е во спротивност со членот 2 во Договорот на Економската заедница, кои Република Македонија го ратификуваше.

„Секретаријатот е подготвен да дискутира за загриженоста и за можните решенија со сите релевантни авторитети, вклучувајќи ги и Собранието и Владата“, стои во писмото од Секретаријатот на енергетската заедница до претседателот на Собранието Трајко Велјаноски.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги