Економскиот факултет во Прилеп одбележа 55 години постоење

Од:

Економскиот факултет во Прилеп денеска го одбележа јубилејот 55 години постоење. На одбележувањето беше промовирана и најновата, 55-та генерација дипломци. 
 
Во обраќањето, деканот Ѓорѓи Манчески нагласи дека и по пет и пол децении Прилепскиот економски факултет останува престижна институција во економската наука во земјава и во едукацијата на кадри од економијата, бизнисот, менаџментот, сметководството, ревизијата, маркетингот, информациските технологии.
 
– Од јадро на интелектуалниот капацитет во овој регион, денеска е респектабилна високообразовна институција чии дипломи се признати секаде во светот. Факултетот е инвестиција на македонската интелектуална авангарда, инвестиција на прилепското стопанство преку директни инвестиции од времето кога се градел. До денеска на Факултетот дипломирале преку 16.000 економисти и околу 60 докторирале на економските науки, рече Манчески.
 
Според ректорот на битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ Сашо Коруноски, илјадниците дипломирани студенти се доказ дека наставно-научната работа е на високо ниво.
 
– Постојано иновирајќи ги наставните програми, Факултетот се определува за стручни кадри кои ќе се носат со предизвиците на економијата на микро и макро план, рече Коруноски.
 
За прилепскиот градоначалник Марјан Ристески е битно и што заедно со Факултетот почна практиката на ангажирање на најдобрите дипломци, особено во стопанските капацитети.
 
Од 55-тата генерација дипломци кои беа промовирани на прославата, 173 се дипломирани студенти, а 39 магистри.
 
 
Во рамки на јубилејот, цел месец се одржуваа серија предавања на гости експерти од земјава и странство.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование