Економскиот факултет од Скопје го одблелжа почетокот на новата академска година

Од:

Учете и не се штедете себеси кога спремате испити, научете се и нешто повеќе од она што се бара и на тој начин секогаш ги ќе положувате испитите, им порача на бруцошите вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски во обраќањето на првиот академски час на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.

Тој ги потсети дека период додека студираат ќе им ја определи целата натамошна кариера и им рече дека доколку стекнат работни навики, знаење и самодоверба во себе нивната кариера ќе се одвива успешно.

– Високото образование е составен и неодвоив елемент од развојот на секоја земја. Тоа не е само најсилен агенс кој го детерминира општествено-економскиот развој на внатрешен план, туку и квалитет со кој земјата се легитимира себеси на надворешен план. Развојот на високото образование не е прашање на добра волја, туку обврска од чие исполнување зависи дали земјата ќе се најде во улога на статист или активен играч во процесите на глобализација, рече Пешевски.

Тој посочи дека според ранг листата на Шангајскиот Џиaотонг Универзитет, „Св. Кирил и Методиј“ е водечкиот универзитет во Република Македонија, а студирањето на Економскиот факултет во Скопје е привилегија, чест и голема обврска.

– Економскиот факултет, бил и се повеќе е расадник на млади и остручени кадри способни да се вклучат и да придонесат во развојот на нашето стопанство. Секоја наредна учебна година расте интересот за запишување на Економскиот факултет во Скопје што говори за можностите и квалитетот што им се нуди на студентите. Со современи и иновирани програми, стручен и докажaн наставен кадар, технички и логистички опремен простор, Економскиот факултет во Скопје успешно се вклопува во европскиот образовен простор, нагласи Пешевски.

Би можело да ве интересира

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ