Еколошка акција за рециклирање стара облека

Од:

Здружението за еднородителски семејства „Една може“ од Скопје денеска почнува со спроведување на проектот „One made – handmade“.

Од Здружението ги повикуваат сите кои имаат вишок облека, платна и најразлични видови материјали да ги донираат во нивните простории, на улицата „Народен фронт“ бр. 5, од 15 до 20 часот. Најавуваат дека ќе направат корисни дизајнерски парчиња кои ќе ги понудат во иднина.

– Мас-потрошувачкото општество не притиска да трошиме и кога не треба, а со тоа да произведуваме отпад кој е штетен за целата планета. Ние решивме да сме еколошки одговорни и да возвратиме со рециклирање и пренамена на веќе постоечки производи во вид на облека и алишта кои ни здодеале. Ќе создаваме неодоливи парчиња кои ќе имаат специјално место во вашите плакари, соопшти Здружението „Една може“.

Би можело да ве интересира

Зегин со свој придонес во големата еко акција „Скопска Црна Гора ја поздравува пролетта”

Ана Ололовска

Акција за чисто Маврово и Мавровско езеро

Ана Ололовска

Национална еко акција „Генералка викенд“ за позелена татковина

Ана Ололовска

„Фронт 21/42“: Формално демократски и „согласно законите“ се носат урбанистички планови за Охрид

Ана Ололовска

Интерактивната еко-мапа со цел полесно лоцирање и решавање на еко-проблеми

Ана Ололовска

Еколошка акција за чистење на дел од крајбрежјето на реката Вардар

Ана Ололовска