Еколошка акција за почист Велес

Од:

Во рамки на одбележување на 15 септември, Светскиот ден на чистењето општина Велес денеска ја изведе втората годинашна еколошка акција за почист град.

Се чистеше во паркот кај Железен мост и зградата на ХИВ кај Вардар,зградата на невладини организации и на улицата „11 Октомври“, кај „Симпо“ и пазарчето во Нова Населба. Воедно 2.000 ученици и професори од велешките училишта ги чистеа дворовите на училиштатата.

Во акцијата учествуваат околу 150 лица вработени во ЈКП „Дервен“ и јавните институции Народен музеј и Народна библиотека, во општина Велес, како и претставници на граѓанскиот сектор.

Како што информира градоначалникот Аце Коцевски за само еден час учесниците во еколошката акцијата собрале 63 метри кубни смет од секаков вид.

– Сакам да го искажам мојот разочарувачки впечаток дека е многу ниско учеството на претставниците на граѓанските организации, посебно на тие со еколошки предзнак кои треба да предводат вакви акции. Особено е разочарувачки никаквото учество на нашите сограѓани кои си гледаат сеир од своите домови и не се вклучуваат во акцијата, потенцира Коцевски.

Поради тоа најави дека во наредниот период ќе работат на менување на еколошката свест со цел граѓаните да станат многу поодговорни.

– ЈКП „Дервен“ и општина Велес колку и да вложуваат напори за хигиената и за почист град, доколку граѓаните не се навикнат на урбано културно живеење нема никогаш да ни биде чист градот, посочи Коцевски.

Тој најави дека ќе преземе санкции против вработените во општината кои се одговорни за одржување на хигиената во градот.

– Овие купишта на смет во градот, посебно зад зградата на невлади организации со шут и мебел и секаков вид на отпад, значи дека многу од граѓаните се несовесни и неодговорни. Но и дека ниту вработените во Општината кои се одговорни за тоа, ниту, пак, вработените во ЈКП „Дервен“ не ја извршуваа работата и мора одговорноста да се издигне на многу повисоко ниво, рече Коцевски.

Воедно најави дека во иднина вакви акции ќе организираат неколку пати годишни, а 15 септември ќе стане традиционален за еколошка акција.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ