Еко-свест: Бараме одговорност за пожарот што гореше во округот на фабриката Макстил

Од:

„Еко-свест изразува загриженост и бара одговорност за пожарот кој вчера вечерта гореше во округот на фабриката Макстил во Скопје и го загрози здравјето на скопјани.

Од вчеравечер не престануваат да се објавуваат ужасни фотографии од загрижени граѓани на кои јасно се гледа густиот црн чад кој излегува од округот на фабриката Макстил во Скопје и се шири низ целиот град. Според информациите што ги добивме од Државниот инспекторат за животна средина фабриката не работи од 30 април 2018, меѓутоа работи депото за суровина од отпаден метал. Според ДИЖС депото е извор на пожарот и се случил додека се сечеле поголеми парчиња метал.

Во Скопје граѓаните го делат својот животен простор со индустриски капацитети и се сведоци дека хавариите од ваков вид не се ретка појава. Затоа потребни се закони кои ќе се спроведуваат како и построги стандарди и правилници за работа на овие индустриски капацитети, меѓутоа и почести инспекции и надзор над спроведувањето на регулативата од страна на индустрискиот капацитет.

Доколку фабриката поседува соодветни правилници, постапки како и стручен и обучен кадар како е возможно воопшто да дојде до ваква хаварија? Дали отпадот бил исчистен од други запаливи материјали кога пристигнал во депото? Зошто на локацијата имало и пластика? Кој го регулира работењето во депото бидејќи истото не е дел од технолошко- производниот процес на фабриката? И на крај зошто противпожарните служби не биле викнати да реагираат порано и да го стават пожарот под контрола пред да предизвика поголемо загадување?

Овој случај не треба да се игнорира бидејќи граѓаните на Скопје повеќе од 12 часа беа изложени на чад со мирис на запалена пластика што укажува на неговата токсичност. Според истражувањата, пет дневно кумулативно изложување на ПМ10 честички доведува до зголемување на нивото на фибриноген (протеин чија зголемена концентрација предизвикува згрутчувања на крвта) и срцеви заболувања. ПМ честичките во својот состав носат токсични хемикалии како диоксини, фурани и други бензени кои се канцерогени и предизвикуваат болести на белите дробови, црниот дроб, репродуктивниот систен, нервниот систем и имунолошкиот систем кај луѓето.

Бараме заштита на здравјето на луѓето и заштитата на животната средина да бидат приоритети на властите и индустријата во земјата“, се вели во реакцијата на Еко-свест.

Би можело да ве интересира

Сопственичката на ноќниот клуб во Швајцарија избега со полна каса пари додека луѓе гинеа во пожарот

А1он

Маж загина во пожар во болница во близина на Тулон, 32 лица се евакуирани

Младиот Стивен Ивановски меѓу починатите во пожарот во Кран Монтана

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Едногодишно дете настрада во пожар што избувна во куќа во Призрен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку 16 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Индонезија

Горан Наумовски

Голем пожар во Хрватска, гори објект со опасни материјали, граѓаните добија предупредувачки пораки среде ноќ

Горан Наумовски