Еко-пикник и работна акција на излетничкиот локалитет „Св.Ѓорѓија“ во Делчево

Од:

Педесетина делчевчани се вклучија во еко-пикникот и работната акција за реконструкција и уредување на излетничкиот локалитет Св. Ѓорѓија, што ги организираше невладината организација КХАМ од Делчево.

Во акцијата беше изграден летниковец од дрвена конструкција, беа поставени нови клупи и маси, се обнови постојната урбана опрема и се исчистија дивите депонии во околината на локалитетот.

Главна цел на активноста беше подигање на јавната свест за различните можности што ги има секој поединец за придонес во заедницата, како и колективното вклучување за решавање на одредени проблеми што ќе се оценат како приоритетни.

– Нашата акција покажаа дека соработката на граѓаните со локалните институции е возможна, а со желба и проактивност може да се случи промената што сите сакаме да ја видиме. Очекуваме да продолжи ентузијазмот кај граѓаните да влијаат врз промените, но и совесно и грижливо да се грижат за урбаната опрема и природната средина, рече Ромина Кајтазова од НВО КХАМ – Делчево.

Акцијата се реализираше во рамки на иницијативата „Мрдни со прст“, а во соработка со Локалниот младински совет од Делчево.

Би можело да ве интересира

Приведена 76-годишна жена од Делчево за предизвикување пожар

Катерина Ѓуровски

Избувна пожар во помошен објект во Делчево

Горан Наумовски

Кривична за маж од Делчево, предизвикал пожар од невнимание

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка