Движењето „Екогерила“ остро ги осудува нападот и заканите што беа упатени кон професорот Илjаз Илjази од страна на општинскиот советник во Охрид, Нефи Усеини, член на ДУИ. Тие велат дека за случајот ќе ги известат амбасадите и меѓународните организации бидејќи Усеини ги урнисува правната држава и неказнивоста.
„Високо го цениме придонесот што го даде г. Илjаз Илjази како наш надворешен советник и експерт за прашања поврзани со загадувањето на животната средина и изразуваме сериозна загриженост дека владеењето на правото во нашата земја е далеку под очекувањата на граѓаните. Културата на неказнивост за кривични дела кон политички службеници е неподнослива. Ги повикуваме Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи итно да одговорат и да ги казнат сторителите, без разлика на политичката поддршка што може да ја имаат“, велат од „Екогерила“.