А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Еден починат од грипот А (H1N1), тројца во критична состојба

by А1он24/01/2013 - 12:1824/01/2013 - 12:21220
Share0

Маж на возраст од 62 години од Тетово со детектиран вирус на грип од типот А (H1N1) почина вчера на Клиниката за инфективни болести.

Добивај вести на вибер

Доктор Сања Маринковиќ од Клиниката за инфективни болести информира дека лицето имало поголем број хронични заболувања (бубрежна болест, дијабетес, хипертензија, срцево заболување), претходно седум дена се лекувало дома, било предмет на лекување на матичен лекар, а 20 часа престојувало на Клиниката.

Таа потенцира дека кај пациентот, кој не бил вакциниран, се преземени сите неопходни мерки за интензивно лекување и поставен бил на асистирана вентилација.

– Од пациентите кои се хоспитализирани на Клиниката, тројца меѓу кои едно четиригодишно дете, се примени на лекување на Интензивна нега и засега се критично болни, но во нешто постабилизирана состојба за разлика од приемот. Од нив еден е со хронични претходни заболувања, а двајца се на помлада возраст без хронични заболувања, рече Маринковиќ.

Јованка Костовска, раководител на Секторот за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство изјави дека од понеделникот до денеска има 22 нови случаи со вирус на грип од кои 19 се од типот А, а три се од типот Б. Од тие 19, 14 се со тип H1N1, а пет со вирус на грип од типот H3N2.

– Од податоците од Институтот за јавно здравје кои ги имаме добиено во текот на денешниот ден, вкупна бројка на пријавени случаи со симптоми на грип до денес е над 1.750 лица од кои само во последната недела 750. Тоа е знак дека бројот на заболени од грип се зголемува. Во следниот период ќе очекуваме уште поголем број заболени. Заболените се од Скопје, Струмица, Куманово и Тетово, рече Костовска.

Во однос на испитаните лабораториски анализи, нагласи таа, сега вкупниот број позитивни примероци е 40 (од кои над 70 отсто имаат вирус на грип од типот А (H1N1), од вкупно 65 испитани примероци.

– Сите типови на вирус на грип даваат исти симптоми, клиничка слика и лекувањето е исто. Санитарниот и здравствен инспекторат е на терен. Имаме податоци од нив дека интензивно низ целата држава вршат контроли во училиштата и градинките. Од она што го имаме од терен, нема некоја поголема отсутност на ученици или деца од градинките. Се уште грипот е со помал интензите, меѓутоа се преземаат мерки на терен, да не дозволиме поголемо ширење во градинки и училишта, посочи Костовска.

Таа повика на зголемување на хигиената на работните места, во образовните и здравствените установи, градинките, во јавниот сообраќај – повеќе чистење и дезинфекција на автобусите, проветрување на простории и миење раце по секое излегување надвор.

grip

Би можело да ве интересира

Грипот зема уште еден живот – почина пензионер од Штип

Горан Наумовски13/03/2025 - 17:24

ИЈЗ: Се зголемува бројот на заболени од грип

Горан Наумовски27/02/2025 - 10:47

Две лица од Скопје и Штип починаа од грип, се зголемува бројот на заразените

Горан Наумовски06/02/2025 - 15:10

Се зголемува бројот на заболени од грип

Горан Наумовски16/01/2025 - 11:49

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он08/11/2024 - 15:46

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

А1он21/10/2024 - 08:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен