Едно лице почина, а тројца се повредени во тешка сообраќајна несреќа на патот Јосифово-Удово

Од:

Едно лице го загуби животот, а тројца се повредени во тешката сообраќајна несреќа која рано утрово се случила на регионалниот пат с.Јосифово-с.Удово, на место викано „Расадник“.

Во 03:30 часот полицијата добила пријава за случена несреќа во која учествувале „Ауди“, со валандовски регистарски ознаки, управувано од Т.Г.(33) од с.Удово и „Рено меган“, со валандовски регистарски ознаки, управувано од З.М.(43) од с.Удово, информираат од МВР.

-На местото на незгодата починал Т.Г., додека З.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Сопатниците во возилото „ауди“, С.П.(23) и И.Н.(23), двајцата од с.Удово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Струмица, велат од полицијата.

Увид на местото извршиле екипа на СВР Струмица и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он