Едно лице обвинето за четири тешки кражби во Скопје

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за сторени четири дела – тешки кражби од Кривичниот законик.

-Обвинетиот на 18 ноември на автобуската станица на Зелен пазар во Скопје на дрзок начин од една оштетена одзел златен ланец во вредност од 25.000 денари, така што се доближил до неа и и го скинал од вратот. Потоа на 28 ноември на Камен мост од увото на една оштетена со рака скинал златна обетка вредна 15.000 денари, на 1 декември во близина на хотелот „Арка“ на ист начин одзел златна обетка вредна 6.000 денари, а на 3 декември кај Зелен пазар од увото на една оштетена скинал обетка вредна 10.000 денари, соопшти Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Би можело да ве интересира

Во Драч од македонски државјанин украдени 6.000 франци и автомобил, уапсени три лица

А1он

Кривична пријава за едно лице за „даночно затајување“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Жена краде цвеќе од саксија во центарот на Охрид

А1он

Крадец влегол во дом на 78-годишна кавадарчанка, ја турнал, одзел пари и побегнал

Ана Ололовска

Измамен кумановец за огревно дрво

Ана Ололовска

Ја измамиле дека ќерка и прегазила девојче, дала 122.000 денари да не оди во затвор

Ана Ололовска