Единаесет сообраќајки за 24 часа во Скопје

Од:

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Скопје сообраќајната полиција изврши увид на шест сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и три со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник и еден пешак.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште пет незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случени сообраќајни незгоди.

Во текот на вчерашниот ден  сообраќајната полиција открила и санкционирала шест возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол кои се исклучени од сообраќај, тројца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, тројца возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и 12 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 48 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамки на своите активности ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Тихомир Милошевски“ кое се наоѓа на територијата на општина Ѓорче Петров со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

Би можело да ве интересира

Три сообраќајки деновиве поради диви животни на автопатот Тетово-Скопје

А1он

СВР-Штип регистрира пет сообраќајни несреќи за едно деноноќие

Ана Ололовска

Изминатиов викенд 34 сообраќајки во Скопје, четири лица тешко повредени

Ана Ололовска

Пет лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Ана Ололовска

Три лица потешко повредени во сообраќајки во Скопје

Ана Ололовска

Косово: Петмина загинати во три сообраќајки во едно деноноќие

А1он