Еден повреден во пожарот во Кочани се враќа од лекување во странство, надвор од земјава се хоспитализирани уште 55 пациенти

Од:

Уште еден од повредените лица во пожарот во Кочани, кој беше на лекување во Бугарија, денеска се враќа во земјава, соопшти Министерството за здравство.

Во странство, во моментот се хоспитализирани 55 пациенти.

Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.

Во болниците во земјава во моментов се лекуваат 10 пациенти, од кои четворица во Хируршката клиника „Св.Наум Охридски“, по еден пациент на Клиника за токсикологија, на Клиника за детска хирургија, на Клиника за пулмологија и во ГОБ 8 Септември, како и двајца пациенти во приватната болница Систина.

Од Министерството за здравство истакнуваат дека континуирано се следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и понатамошна рехабилитација.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна рано наутро на 16 март. Во трагедијата животот го загубија 61 лице, а близу 200 беа поврдени.

Би можело да ве интересира

Судење за „Пулс“: Обвинителството презентира докази за „Рубикон“ – агенцијата што ја обезбедуваше опожарената дискотека

Судење на „Пулс“: Се презентираа докази за инспекциските надзори во дискотеката

ВИДЕО: „Не го оставаат гробот на мојот син“ – таткото на загинатиот тапанар од ДНК реагира на 14 кражби од гробот на Ѓорѓи

Катерина Ѓуровски

На рочиштето за „Пулс“ презентирани записници од инспекциски контроли и документација за градба

Девојка сведочеше за трагедијата во „Пулс“: Настана паника по извикот „се запали“

Случајот против 13 полицајци од Кочани продолжува: Одбиено е барањето за изземање на судијка поротничка