ВИДЕО: „Е кој ќе објави бе Иво“

Од:

Станот на министерот за финансии, Зоран Ставрески, е на име на неговиот прв братучед Владимир Ефтимовски, кој ја врши функцијата претседател на управниот одбор на Стопанска банка – Битола, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов при објавувањето на 36-тата бомба.

Во оваа серија прислушувани разговори според Шилегов, се открива како министрите се здобиле со станови на актрактивни локации.

Портпаролот на МВР, Иво Котевски, ја предупредува министерката дека граѓаните ќе реагираат откако ќе се дознае за станот на Јанкулоска, на што таа одговара дека нема медиуми кои би ги објавиле овие информации. Котевски на тоа вели дека единствените што можат да објават се Плусинфо, Бриф, А1он и Либертас, рече Шилегов.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Иво Котевски

ГЈ: Со тоа што јас сум кредитобарател на целиот кредит а он е ко-кредитобарател, тоа му доаѓа како двајцата да сме зеле заедно кредит…
ИК: Така де така…А ќе ставате по еден фрижидер во едно, друг у друг? хахаха
ГЈ: Па више купивме за двата стана фрижидери, телевизори уште неаме два ама два ќе се купат, све по два, нема кај нас тоа…
ИК: Чиста работа
ГЈ: Ние сме си многу практични луѓе
ИК: Така бе така…

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Иво Котевски

ГЈ: Кредитот е еден кредит со двајца кредитобаратели значи ко-кредитобаратели двајца…
ИК: Да де да…
ГЈ: Од истата банка под истите услови
ИК: Добро…
ГЈ: И се однесува тој кредит на отплаќање на целата сума пошто тоа е и еден договор
ИК: Така де така
ГЈ: Само што се вака два простори. Ете ќе речат овие изгледа ќе се разведуваат чим поделиле све
ИК: Ако де ќе глеаме сеир… ќе видиме што ќе пишуваат ја мислам дека нешо многу многу нема да им мењаат одговориве
ГЈ: Не ама и не им врши работа ваков одговор. Да речеш не е пријавено, нешо така, нема ништо
ИК: Ама добро они нема да идат на таа варијанта, они ќе идат на патетика. Луѓе немаат леб да јадат оваа купила стан сеа купила уште два стана… тоа е тоа, они би сакале да се сите на питачки стап и на улица леб да немаат
ГЈ: Мислам тоа е нивниот главен аргумент, пријавил, непријавил од кај ти се парите и паѓа у вода…мислам ја тоа свесно сум го направила така.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Иво Котевски

ГЈ: Абе кај, кој ќе им го пренесе бе Иво, кај на Плусинфо?
ИК: Не бе шо… Плусинго, Бриф и она како им се вика а1он
ГЈ: Да, шо сакаат да праат… не знаеш шо, мислам они ќе го кажат еднаш, двапати, петпати колку шо ќе го кажат и ќе издише тоа
ИК: Толку бе толку…
ГЈ: Башка не е тоа нешо шо е сеа, од 2011 е
ИК: Да, да…
ГЈ: Значи две години поминале, не е као ја нешо кријам, праам шема.. тоа е ќе ги видиме шо ќе пишат
ИК: А бе јас не сум прашал. Мислам дека знам која зграда е. Мене карши…
ГЈ: Оваа бе до нас, овде што е.
ИК: Која бе до нас што е?
ГЈ: Од прозор што ти се гледа.
ИК: Во оваа тука?
ГЈ: Да.
ИК: Ха. Леле значи што муабети вадат по град. Ја па друга мислев дека е.
ГЈ: Која бре. Дај да чујам.
ИК: Еден пријател, Ико, оној што го држеше Броз кафе…
ГЈ: Аха.
ИК: Жена ми е старосватица на жена му, не е битно, се знаат од времето. Сега има кафич не знам како му се викаше, Кино Култура ли, не знам како точно. Не ми текнува, нов е кафичот, забутан е, одма таму зад Буњаковец…
ГЈ: Аха.
ИК: Е таму у тие згради, нови што се градат, уште не се мислам дека ни вселени, таа карши него што се гледа, он ми тврдеше, вика – а бе министерката твоја земала стан.
ГЈ: Не. За жал не. Не бе овдека, оваа зграда до нас што е. Низ прозор што се гледа.
ИК: Многу далеку.
ГЈ: Мислам јас не кријам, тоа сама си кажувам.
ИК: А кај ќе биде сместен полицаецот сега?
ГЈ: На пријавница овдека.
ИК: Ха, ха. Со обезбедување ќе доаѓа на работа.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски