ДЗС ќе информира за состојбите со поплавите

Од:

Дирекцијата за заштита и спасување денеска ќе соопшти какви се актуелните состојби со поплавите од поројните дождови што ја зафатија Македонија.

Досега, според Дирекцијата, врежите поплавија земјоделски површини во одредени региони, но не предизвикаа посериозни последици врз патиштата и мостовите, станбените и деловните објекти.

Во општина Куманово поради засилениот дожд викендов, дошло до излевање на реката Кумановка кај селото Доброшане при што се поплавени 20 хектари земјоделска површина, додека кај селото Довезенце излеана е Крива Река и поплавени се 10 хектари. Во општина Кочани излеана е Злетовска река кај селото Ново Селани и поплавени се оризови полиња.

Во Крива Паланка нема излевање и поплавување на реките и водотеците, иако во саботата нивото на Крива Река и Дурачка Река било покачено. Состојбата со реките е нормализирана и стабилна. Покачено ниво на реките и водотеците завчера е забележано и во општина Радовиш, но и таму состојбата е нормализирана.

Во Штип по барање на општината доставени се 1.000 вреќи песок за изградба на заштитен насип  на  бунарите кај  реката Брегалница.

Дирекцијата за заштита и спасување ја следи состојбата, а нејзините одделенија се подготвени да помогнат доколку дојде до излевање на водотеците и до поплавување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страшна буица го „проголта“ Големиот Кањон – бран висок 4,5 метри однесе сè пред себе

Горан Наумовски

Бројот на жртви во поплавите во Непал достигна 903

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Тибет достигна 676

359 загинати – се стравува од нов бран наноси во Непал

А1он

Се зголемува бројот на жртвите и на исчезнатите од поплавите во Непал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на жртви во Непал забрзано расте: Откриена е причината за катастрофалните поплави

Горан Наумовски