ДЗР објави извештаи од ревизија на сметките на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алтернатива за 2021 година

Од:

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска објави конечни извештаи за ревизијата на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на сметките за редовно работење за 2021 година на политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алтернатива.

-Со извршената ревизија за 2021 година изразивме мислење со резерва за вистинито и објективно прикажување на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики, стои во резимето за ревизијата на ДЗР за финансиските извештаи на СДСМ.

Како што појансува ДЗР, извршена е ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на СДСМ на сметката за редовно работење за 2020 година и изразено е мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи, како и за усогласеност на активностите, финансиските трансакции и информации со релевантната законска регулатива, упатствата и воспоставените политики.null

Со ревизијата било опфатено и спроведувањето на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2020 година, при што е утврдено дека дадените две препораки не се спроведени.

Со ревизијата на финансиските извештаи за 2021 година, ДЗР констатира дека, како што наведува, за дел од градежните објекти, наследени од правниот субјект претходник на партијата не e решен сопственичкиот статус, поради што не се воведени во евиденцијата кај надлежната агенција и во сметководствената евиденција на партијата, за која состојба овластениот државен ревизор известил и во Конечните извештаи за претходни години. ДЗР утврдил и дека средствата за членарина од секоја општинска организација се уплатуваат директно на трансакциската сметка на партијата, во вкупен износ за сите поединечни уплати, а не одделно за секоја уплата. За утврдените состојби дадени се препораки до одговорните лица во партијата со цел преземање мерки за надминување на состојбите.

-Во делот на Нагласување на прашања за неизвесност и континуитет обелоденети се состојби кои се однесуваат на структурата на изворите на финансирање од аспект на учеството на приватните и јавните извори на финансирање, стои во извештајот.

Во резимето за извршената ревизија за ВМРО-ДПМНЕ за 2021 година, ДЗР, исто така наведува дека „изразува мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики“.

-Извршена е ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на ВМРО – ДПМНЕ на сметката за редовно работење за 2020 година и изразено е мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи, како и за усогласеност на активностите, финансиските трансакции и информации со релевантната законска регулатива, упатствата и воспоставените политики. Со ревизијата беше опфатено и спроведувањето на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2020 година, при што е утврдено дека дадена е една препорака и не е спроведена, од причина што нејзиното спроведување зависи од конечната одлука по завршување на постапката поведена пред надлежните органи во однос на дел од имотот на партијата, стои во извештајот.

Во него се наведува и дека со ревизијата на финансиските извештаи за 2021 година, ревизорите констатирале состојба која се однесува на забрана за привремено располагање со дел од имотот на политичката партија преку поведена постапка, која влијае на проценетата вредност на дел од недвижниот имот искажан во Билансот на состојба, за што овластениот државен ревизор известил и во Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност за 2020 година. За утврдените состојби дадена е препорака до одговорните лица во партијата со цел преземање мерки за надминување на состојбите. Во делот на Нагласување на прашања за неизвесност и континуитет обелоденети се состојби кои се однесуваат на неизмирени обврски спрема добавувачите кои потекнуваат од минати години и за структурата на изворите на финансирање од аспект на учеството на приватните и јавните извори на финансирање, резимира ДЗР.

И во резимето за ревизијата на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Демократска унија за интеграција Скопје на сметката за редовно работење за 2021 година ДЗР посочува дека „изразува мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики“.

Како што стои во извештајот, извршена е ревизија и издаден е извештај за финансиските извештаи на ДУИ на сметката за редовно работење за 2020 година и изразено е мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики. Со ревизијата е опфатено и спроведувањето на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2020 година, при што е утврдено дека од дадени три препораки е спроведена една, една е делумно спроведена, а една не е спроведена.

-Со извршената ревизија ги констатиравме следниве состојби: уплатени се средства за членарина над законски утврдениот лимит, а пописните листи не содржат вредносни показатели за дел од материјалните и нематеријалните средства и истите не се обележани со инвентарни броеви. За утврдените неправилности дадени се препораки до одговорните лица во партијата со цел преземање мерки за надминување на состојбите. Во делот на нагласување на прашања за неизвесност и континуитет обелоденивме состојби кои се однесуваат на структурата на изворите на финансирање од аспект на учеството на приватните и јавните извори на финансирање и за прифатени и спроведени корекции во текот на ревизијата, стои во извешетајот.

Со увид во деловните книги на политичката партија Алтернатива, пак, ревизорите утврдиле дека при евидентирањето на финансиските трансакции се применува принципот на пресметковна основа, што не е во согласност со член 23 алинеја 3 од Законот за финансирање на политичките партии каде е уредено дека политичките партии своето сметководство го водат согласно Законот за сметководството на непрофитни организации и имаат обврска да го применуваат начелото на модифицирано настанување на деловните промени односно трансакции. Препораката на ДЗР е одговорното лице да преземе мерки и активности евидентирањето на финансиските трансакции да се врши согласно сметководственото начело на модифицирано настанување на деловните промени и трансакции.

Со исклучок за ефектот од ова прашање, во извештајот за сметката за редовно работење на Алтерантива, според ревизорите, финансиските извештаи партијата ги прикажува вистинито и објективно, во сите материјални аспекти, финансиската состојба на сметката за редовно работење како и резултатите на финансиските активности за годината која завршува со тој датум, во согласност со важечката законска регулатива.

ДЗР во делот од извштаите за останати прашања за четирите партии ги истакнува системските слабости во законската регулатива и потребата од нивно надминување.

Тие се однесуават на тоа дека е потребно да се преиспита член 83 став 2 од Изборниот законик во делот на финансирањето на изборната кампања со средства од редовната сметка на политичката партија. Исто така, укажува ДЗР, со измените и дополнувањата на Изборниот законик во 2018 година, изменет е член 71, со што додадена е можност на трансакциската сметка за изборна кампања да се депонираат средства од сметката на политичката партија за редовно работење и од посебните сметки за средствата обезбедени од кредит, поради што потребно е да се дополни член 26 од Законот за финансирање на политичките партии со кој ќе се уреди преносот на средствата од сметката за редовно работење на партијата и од посебните сметки за средствата обезбедени преку кредит на трансакциска сметка отворена за изборен процес.

Според ДЗР, во услови на дадена законска можност за финансирање на изборната сметка со донации на политичката партија потребно е допрецизирање на член 83 од Изборниот законик, во делот на финансирање на изборниот процес од донации од политичка партија, во однос на поединечните и вкупните лимити на средства. ДЗР наведува дека е потребно допрецизирање и на член 15 од Законот за финансирање на политичките партии, во однос на утврдување на услови и ограничувања кога политичката партија добива донации на недвижниот имот како вид на материјално средство.

-Потребно е да се преземат активности за изменување и дополнување на подзаконските акти со кои се уредува начинот на водење на сметководството на непрофитните организации, со кои ќе се обезбеди доследно почитување на сметководственото начело на „модифицирано настанување на деловните промени, односно трансакции”. Да се донесат поконкретни насоки за регулирање на начинот на плаќање, уплата и евидентирање на членарината како извор на финансирање на политичките партии со цел еднообразност во начинот на нивното сметководствено евидентирање и потврдување на законски утврдениот лимит за секој член одделно. Доуредување на законската регулатива во делот на утврдување на роковите за одделни активности поврзани со начинот на планирање, распределба и исплата на средствата од редовно годишно финансирање на политичките партии и да се утврди пречистен текст на Законот за политичките партии и Законот за финансирање на политичките партии. Надлежните органи потребно е да преземат активности за надминување на утврдените системски слабости, стои во извештаите на Државниот завод за ревизија.

Би можело да ве интересира

Ревизорите нашле низа неправилности и неусогласености во Министерството за животна средина

ДЗР: Буџетските средства од ДИК за партиите делени без јасни критериуми

Горан Наумовски

ДЗР: Од почетокот на пандемијата 17.000 луѓе останале без работа

Горан Наумовски

Државата потрошила 38,6 милиони долари само за провизии за автопатот Кичево-Охрид кој досега чини 684,7 милиони долари

Горан Наумовски

ДЗР: Сите медиуми кои учествувале во покривање на изборниот процес да поднесат Извештај за рекламниот простор до 13 ноември

Ана Ололовска

Николовски и Ацевски: Соработката со ДЗР е значајна во борбата против корупцијата и криминалот

А1он