Ѕидот на Водно попуштил зашто бил лошо направен

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ изјави дека урнатиот ѕид на Водно бил лошо и нестручно изведен, а била надмината и планираната големина.

„Инвестицијата на ѕидот, односно надминувањето е од страна на граѓаните и ѕидот паднал затоа што нестручно го извеле. Дали има општината тука удел, во лошо изведен ѕид? Тоа го кажа и директорот на сеизмологија – нестручно изведен ѕид, надминување кое не е ниту планирано, а и експертизата ќе ги утврди причините за паѓањето на ѕидот во писмен документ“, изјави Тодоровиќ.

На Тодоровиќ, како градоначалник на општина Центар, каде припаѓа и дел од сртот на планината Водно, не му се допаѓа тоа што таму, наместо дрвја има згради, но вели дека има систем според кој се носат урбанистичките планови.

„Има процедури и закони, има приватна сопственост. Ако имате приватна сопственост, ќе дојдете стотина пати за да изградите што поголемо и што повисоко. А во тоа, ако ви го дозволува законот, не може никој да ве спречи“ изјави Тодоровиќ.

 

Би можело да ве интересира

ЦУК: Спасувачка акција на Водно, извлечено лице со скршена нога по замрзнат терен

Предраг Петровиќ

ЦУК: Петмина турски државјани кои се изгубиле на Водно безбедно се евакуирани кон Скопје

Горан Наумовски

ВИДЕО: Со полициски хеликоптер извлечен човек со скршена нога од врвот на Водно

ЦУК: Успешна потрага по лице кое се лизнало на Водно

Спасувачка акција на Водно: Се онесвестила жена, ја извлекувале пожарникари со теренско возило

Орце Костов

Пронајдени деца кои се изгубиле на Водно