Џес Бејли номиниран за нов амбасадор на САД во Македонија

Од:

Џес Л. Бејли е номиниран од страна на американскиот претседател Барак Обама за амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.

Одлуката ја соопшти денеска во Белата куќа претседателот Обама заедно со номинациите на други лица за високи позиции во американската администрација.

Џес Л.Бејли е дипломат од кариера во Стејт департментот. Во Скопје доаѓа од позицијата заменик шеф на мисијата на САД во Анкара, Турција, функција која ја извршувал од 2011 година.

Во богатата биографија на Бејли се наведува дека бил директор на Канцеларијата за Југоисточна Европа во Стејт департментот, како и директор на Канцеларијата за политички прашања со ОН. Меѓу другото, Бејли ја вршел и должноста директор на Центарот за странски известувачи во Вашингтон, како и советник за јавни прашања во Амбасадата на САД во Хаг, Холандија. Тој има служено и во амбасадите на САД во Дакар, Сенегал и во Дака, Бангладеш.

Бејли дипломирал на Јеил Универзитетот, а се стекнал со магистерска титула на Универзитетот Колумбија. Бејли доаѓа на местото на актуелниот амбасадор Пол Волерс, кој во Македонија амбасадорската функција ја извршува од 2011 година.

Би можело да ве интересира

„Фајненшл тајмс“: Вашингтон ризикува енергетски удар поради санкциите врз Москва

Шпанија се предомисли, па одлучи да го финансира американско оружје за Украина

Орбан: Ги истражуваме начините да ги заобиколиме санкциите на САД врз руските нафтени компании

Син, снаа, внук и правнук на американски политичар загинаа во хеликоптерска несреќа

Путин: Советниците на Трамп кои бараат санкции врз руската нафтена индустрија работат против САД

(ВИДЕО) Трамп: Ќе ги убиеме сите што внесуваат дрога во САД