Џес Бејли ја посети Општинската организација на СДСМ Охрид

Од:

Во рамки на својата работна посета на Охрид, амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли ја посети Општинската организација на СДСМ Охрид, каде што оствари средба со Томислав Тунтев, Претседател на ОО на СДСМ Охрид и Пратеник во Собранието на Република Македонија, и Ѓоко Танасоски, Член на Извршниот Одбор на СДСМ и Шеф на општинскиот изборен штаб.

Домаќините го информираа амбасадорот за активностите на локалниот огранок на СДСМ во Охрид и му ги предочија партиските ставови и гледишта за предизвиците и очекувањата во очи на претстојните вонредни парламентарни избори на 11 декември.

– Веруваме и очекуваме по подолго време во земјава конечно да бидат организирани и спроведени регуларни, кредибилни и демократски избори, кои реално ќе ја отсликаат волјата на граѓаните. Со оглед на фактот што овојпат гарантори за успешна реализација на изборниот процес се меѓународната заедница, опозицијата и граѓанскиот сектор, убедени сме дека изборните манипулации и изборниот инженеринг од страна на власта ќе бидат превенирани и оневозможени – рече Тунтев.

На средбата беше потенцирана огромната важност на претстојниот изборен процес за конечна нормализација на државата, за владеење на правото, за практикување на универзалните цивилизациски вредности и за доближување кон нормите и критериумите на НАТО и на ЕУ. Домаќините го запознаа уважениот гостин со многубројните неправилности и недостатоци во двата изминати уо циклуси и изразија надеж дека на наредните парламентарни избори ќе преовлада свеста, совеста и патриотизмот кај гласачите, кои ќе се определат за слободата, демократијата и вистинските човекови вредности.

Средбата во Охрид, која беше одржана по иницијатива на американската амбасада, беше искористена и за размена на мислења и ставови околу актуелните состојби во сферата на медиумите, избирачкиот список, правосудството, како и теми од локален карактер за животот и битисувањето во Охрид.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните