(ВИДЕО) Џафери: Во овие 26 години поминавме многу кризи, но кај граѓаните не се наруши духот на соживот

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери во говорот од Мечкин Камен пораќа дека дошол за да оддаде почит на како што рече „хероите Илинденци кои се вградија во сегашноста во која сите живееме“ и да се поклони пред Крушевскиот манифест, од кој цитираше еден дел:

– „Елајте браќа муслимани при нас, да тргенеме против наши и ваши душмани, под бајракот на Македонија, Македонија е наша и ваша мајка. Мили наши комшии, eлајте при нас“..

Џафери истакна дека водачите на Илинденското востани, Карев, Делчев, Питу Гули покажале дека имале високоразвиени цивилизациски вредности за заедништво и толеранција, без разлика на вера, националнот, пол.

-Мислам дека сите ние треба да бидеме горди што нашите предци се бореле за соживот и толеранција, за мултикултурно општество.

Да не заборавиле дека историјаата ја детерминира сегашноста, токму таа детерминација била мотивација, и за Македонците, Турците, Албанците и многу други кои во 1941 се бореле против фашизмот.

-Во овие 26 години самостојност поминавме низ повеќе премрежија и кризи, но најважно е што кај граѓаните не се наруши духот на соживот.

Ние имаме една заедничка татковина Република Македонија и сите сме одговорни да ја зачуваме за нас и идните поколенија. Сите ние споделуваме уште една заедничка определба а тоа целосна интеграција во ЕУ и НАТО. За жал, на патот стои спор за кој што верувам го знае меѓународната јавност. Оптимист сум дека доколку пристапиме сериозно и зрело за надминување на овој проблем ќе се искачиме погоре на скалата на политичка одгворност и зрелост.

Актуелната влада работи за решавање на ова прашање, со цел побрзо да се посветиме на реформите кои се потребни доколку сакаме да се вратиме на брзата пруга за членствово НАТО и ЕУ.

Периодот кој следи налага тешки одлуки и решенија, кој во еден рок ќе ја покажат придобивката за сите граѓани, рече Џафери.

Би можело да ве интересира

„Борбата трае“ ќе биде мотото на државната прослава на 2 Август

Сиљановска Давкова во Пелинце ќе го одбележи Илинден, Мицкоски во Крушево, Гаши во Скопје

Џафери-Бегај: Македонија и Албанија се повеќе од само соседски земји

Џафери: Упорноста и вербата на просветителите, се патоказ кон напредок

Џафери: Спроведовме европски избори и придонесовме во европското поведение на земјата

Џафери на Ифтарската вечера упати пораки за взаемна почит, желби за добро здравје, благосостојба и успех

Горан Наумовски