Џафери: Денешниот ден е симбол на решителноста на народот кој храбро застана во одбрана на слободата

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери во свое лично име и од име на пратениците упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, симболот на борбата за слобода.

„Ова е значаен ден во историјата на Република Македонија, симбол на решителноста и свесноста на народот кој што храбро и самоуверено застана во одбрана на слободата, а против најголемото зло во човечката историја, застана во одбрана на доброто наспроти злото, во одбрана на достоинството наспроти потклекнувањето. На овој ден, меѓутоа и секој друг ден, оддаваме почит на нивната пожртвуваност и борбеност, нивната истрајност и визија

Денес, живееме во слободна, независна, демократска, почитувана земја која смело гради добрососедски односи, е сериозен стратешки партнер за градење мир и го изодува својот пат кон исполнување на одамна утврдените стратешки определби, полноправното членство во ЕУ и НАТО. Чекорејќи по тој пат, наидуваме на предизвици кои се трудиме да ги надминеме со меѓусебно разбирање, почитување и негување на различностите помеѓу сите граѓани, со цел оваа наша земја да биде заеднички дом на сите граѓани кои својата иднина и иднината на идните поколенија ја гледаат во демократска, силна, модерна и европска Република Македонија!

Нека ни е честит и за многу години 11-ти Октомври!“, се вели во честитката на претседателот на Парламентот, Талат Џафери.

Би можело да ве интересира

И по највисоките признанија остануваат нови предизвици, вели Андоновски во име на добитниците на наградата „11 Октомври“

Катерина Ѓуровски

Филипче оддаде почит на хероите од НОБ во Прилеп: СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија не е добиена на подарок, време е конечно да имаме големи цели

Катерина Ѓуровски

Сиљановска-Давкова: Време е да се однесуваме кон државата како кон заеднички дом

Катерина Ѓуровски

Македонија го празнува 11 Октомври – 85 години од народното востание

Катерина Ѓуровски

Државната награда „11 Октомври“ за 2026 ја добиваат Венко Андоновски, Димитар Пандев, Ѓулумсер Касапи и Владо Поповски