Движење ЗНАМ: Времето на дуизација во Република Македонија е завршено

Од:

Не ја разбираме возбуденоста во редовите на ВРЕДИ во врска со денешната прес-конференција на министерот за јавна администрација, Горан Минчев. Движењето ЗНАМ – за наша Македонија на парламентарните избори во рамки на својата програма стриктно посочи дека ќе влезе во Владата, базирано на принципите на чесност, одговорност и отчетност, и исклучиво со целосно почитување на законите, се вели во реакција на Движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија на соопштението на ВРЕДИ во врска со поништување на годишните планови за вработување од страна на министерот за јавна администрација Горан Минчев.

„Би сакале да потенцираме дека терминологијата “АНТИ-АЛБАНСКА ДОКТРИНА” не постои во редовите на Движењето ЗНАМ. Наша доктрина е “ДОСЛЕДНО ПОЧИТУВАЊЕ и СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКТУЕЛНИТЕ ЗАКОНИ”. За да ги појасниме работите, би сакале да нагласиме дека во Законот за вработени во јавниот сектор во Глава IV-a; Член 20-а; Став 4 стои: Во институциите на јавниот сектор кои се основани од страна на централната власт, а кои дејноста, односно надлежноста ја вршат на
централно ниво и/или преку подрачните единици или други организациски единици на локално ниво, како основ за распределба на бројот на планираните нови вработувања по припадност на заедница, се земаат податоците од последно спроведениот попис на населението на Република Македонија за територија на Република Македонија.

Им укажуваме на господата од ВРЕДИ, пред да излезат со било какво соопштение, добро и детално да ги проучат сите постоечки и важечки закони. Што се однесува на фразата “Елиминирање на некои политичари”, би сакале да ги потсетиме припадниците на ВРЕДИ дека времето на ДУИЗАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Е ЗАВРШЕНО.
Колегите од ВРЕДИ треба да разберат дека заврши времето кога можеше да се демонстрира моќ од позиција на власт преку кршење на законите во Македонија.
Таква демонстрација на моќ практикуваше ДУИ. Тоа време е минато“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски

СДСМ: ЗНАМ го прослави предавството на Македонија за пари

Горан Наумовски

Движењето ЗНАМ го одбележа вториот роденден: Со освојувањето на шест пратенички мандати ЗНАМ стана фактор на стабилност кој не дозволува уцени во владеењето

Горан Наумовски

СДСМ: Предавство за пари – колаборантите од ЗНАМ ќе одговараат исто како и ДПМНЕ

ЗНАМ: Нашиот став, но и тој на Владата е јасен, нема простор за прифаќање на мигранти во Македонија

Горан Наумовски