Две жени градоначалнички, а две во трка во вториот круг

Од:

Градоначалници на општините Кисела Вода и на Градско во следните четири години ќе бидат Билјана Беличанец – Алексиќ и Жанета Чаушевска, а уште две жени се во трката за освојување на оваа функција во вториот круг на локалните избори – Теута Арифи во Тетово и Анастасија Колумчева во Богданци. Во изминатите четири години немаше жена градоначалник во Македонија.

Родовата рамноправност беше застапена и на советничките листи, но за тоа колку жени ќе бидат дел од советите на општините ќе се знае деновиве.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во својот прелиминарен извештај, што беше објавен вчера на прес-конференција, исто така ја спомена родовата рамноправност и констатираше дека таа е застапена.

– Согласно со правните критериуми едно до трите последователни места, главно, беше зачувано за помалку застапениот пол. Критериумите за застапеност на половите беа испочитувани од страна на изборните тела, изјави шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Герт Аренс.

Даниела Димитриевска, од Македонското женско лоби вели дека генерално е направен чекор напред кон позитива, со надеж дека овој тренд ќе продолжи.

– Очекувам поорганизирани и поголеми кампањи на жените, но и поголема поголема поддршка од невладините организации, изјави Димитриевска. Потсетува дека  на овие избори  политичките партии имаа кандидирано повеќе жени особено поголемите партии. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ шест, а СДСМ и коалицијата „Сојуз за Македонија“ пет. – Партиите им дадоа поголема шанса на жените, вели Димитриевска.

Се уште се прави анализа колку жени ќе има во советите. Македонското женско лоби, како што најави Димитриевска, наскоро ќе излезе со детални информации за учеството на жените на локланите избори.

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ, која ги застапува правата на жените, изјави дека се исполниле нејзините очекувања на овие избори.

– Очекувањата за три до четири жени градоначалнички ми се исполнети. Покажа дека вредеше кампањата што ја водевме во име на ДОМ члетири години, заедно со невладините организации. Сега треба да ги поддржиме градоначалничките за да добијат видливост за да може на следните локлани избори тој број да биде два до три пати поголем, вели Поповска.

Во изминатите четири години во Македонија немаше жена градоначалник, а 27 отсто од советници во општините беа жени.

Македонија е меѓу првите 30 земји по бројот на жени парламентарки. Во седмиот состав на Собранието има 40 претставнички на понежниот пол.

Би можело да ве интересира

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Отворени се над 6.500 избирачки места на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Романците пред нов историски „референдум“

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ