Две лица тешко повредени во две сообраќајки утрово во Скопје

Од:

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово во 04.45 часот на крстосницата на булевар „Јане Сандански“ и „Кузман Ј. Питу“ во скопската населба Аеродром.

Како што информираат од МВР, пред трговскиот центар „Скопјанка“ патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски таблици управувано од И.П. (45) излетало од коловозот и удрило во бетонска жардениера.

Со возило на итна брза помош И.П. е пренесен во градска болница „Св.Наум Охридски“ каде што се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на натамошно лекување.

Во  07.50 часот утрово повреден е и еден велосипедист во сообраќајка која се случила на бул. „Трета Македонска бригада“ со патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки. Повредениот велосипедист е пренесен со возило на брза помош во Ургентнен центар.

 

фото: МИА

Би можело да ве интересира

Три сообраќајки деновиве поради диви животни на автопатот Тетово-Скопје

А1он

СВР-Штип регистрира пет сообраќајни несреќи за едно деноноќие

Ана Ололовска

Изминатиов викенд 34 сообраќајки во Скопје, четири лица тешко повредени

Ана Ололовска

Пет лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Ана Ололовска

Три лица потешко повредени во сообраќајки во Скопје

Ана Ололовска

Косово: Петмина загинати во три сообраќајки во едно деноноќие

А1он