Две лица се здобиле со тешки повреди при извршување работни задачи

Од:

Во текот на вчерашниот ден во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле хоспитализирани две лица кои се здобиле со повреди при извршување на работни задачи.

Во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека со тешки телесни повреди кај нив бил донесен Б.Ц. (57) од с.Челопек, тетовско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи за приватна фирма на подрачјето на Гази Баба во Скопје.

При извршување градежни работи на подрачјето на Карош во Скопје, со тешки телесни повреди вчера се здобил и З.П. од Скопје.

– На 13.5.2024 во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека при извршување градежни работи на подрачјето на Карпош во Скопје со повреди се здобил З.П.(64) од Скопје. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди, стои во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште

Хорор на плажа во Хрватска: Дрво падна врз капачите, меѓу повредените има и деца

Мерџановски: Зголемен број на пациенти кои се повредени во сообраќајки, a регистрирани се и колапси поради жештините

Горан Наумовски

Шест повредени во невремето во Скопје примени во болницата „Св. Наум Охридски”

А1он

Едно лице загина, а две лица се повредени во експлозија во Панчево