Две лица под истрага за разбојништво во заложна куќа

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени дека вчера извршиле разбојништво во заложна куќа.

– Лицата на возраст од 23 и 22 години, по претходен договор, заедно влегле во објект на заложната куќа „Астра кредити“, на улица „Лондонска“ во Скопје, и со закана кон еден вработен одзеле парични средства. Едниот осомничен, држејќи пиштол марка „Пјетро Берета“ во раката, побарал од оштетениот да го отвори сефот и да ги извади парите. Оштетениот постапил по ваквата наредба, го отворил сефот и му дал 120.000 денари. По ова, вториот осомничен самиот се приближил до сефот и го зел остатокот од 180.000 денари кои се наоѓале внатре. Двајцата осомничени потоа го напуштиле местото со мотор кој бил паркиран во близина на заложната куќа, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител оценил дека се исполнети законските основи, па до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он