Дванаесет студенти на едномесечно патување низ Европа

Од:

Дванаесет студенти од Македонија добија можност еден месец летово да ја истражуваат Европа и да ја промовираат својата земја преку проектот „Патуваме во Европа“ во организација на Граѓанската асоцијација МОСТ.

Студентите се избрани на јавен конкурс и според просечната оценка во текот на студирањето, редовност во студирањето и познавањето странски јазици. Патувањето ќе го почнат во Берлин, каде три дена ќе имаат можност да се дружат со своите врсници во регионот.

Граѓанската асоцијација МОСТ, со помош на донатори и спонзори, на студентите им обезбедува Интер раил карта за неограничено патување со воз за 22 дена, патничко осигурување, студентска картичка од Аурора турс и дел од средствата кои ќе им бидат потребни на платежна картичка се обезбедени од Тутунска банка. На студентите, исто така, им се доделени и бесплатни брошури за промоција на Македонија донирани од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

– Целта на „Патуваме во Европа“ е студенти од Македонија преку патување и посети директно да се запознаат со демократските вредности, навики и култури во другите земји, и да ги промовираат и доближат тие вредности во Македонија. Во исто време студентите ќе ја промовираат и Македонија. Ова е десетта генерација студенти кои ја имаат оваа уникатна можност за патување низ Европа. Изминатите години повеќе од 120 македонски студенти беа дел од проектот, соопшти МОСТ.

„Патуваме во Европа“ е регионален проект во кој се опфатени студенти од Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија. Донатор на проектот е Фондацијата „Роберт Бош“ од Германија, преку Балканскиот фонд за демократија од Белград.

Би можело да ве интересира

Клишас: Во украински „терористички“ напад загинаа седум лица

Русија: Машиновозач загина, a бебе e тешко повредено при уривање на мост врз патнички воз

(ВИДЕО) Два надвозници се урнаа во различни руски региони што граничат со Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна мост во Русија, падна врз воз, најмалку седум мртви, десетици се повредени

(ВИДЕО) Се урна мост во Јужна Кореја, има загинати и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов револтиран поради мостот кај Визбегово: Некој може да биде убиен од овие коцки

А1он