А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Двајца заболени од вирусот H1N1, клинички пријавени 411 лица со симптоми на грип

by А1он16/01/2013 - 14:25249
Share0

Според последните анализи направени во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на пациенти хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, докажано е присуство на вирус на грип кај три пациенти, од кои кај двајца тип А (H1N1), а кај еден тип А (H3N2). Пациентите ја добиваат потребната терапија и се во добра општа состојба.

Добивај вести на вибер

Од 1 до 13 јануари годинава, соопшти Министерството за здравство, клинички се пријавени 411 лица со симптоми на грип, со што вкупната бројка на заболени со симптоми на грип, од октомври минатата година до сега, изнесува над 1.000 пациенти.

Комисијата за следење на состојбата со грип на вчерашната редовна работна средба ја разгледала состојбата со грип во државата, при што е заклучено дека бројот на клинички дијагностицирани заболени од грип е помал, во однос на бројот на заболени во истиот период лани, со тенденција за зголемување на бројот на заболени во следниот период.

Комисијата заклучи да се потсетат матичните лекари за потребата за почитување на протоколот за постапување со пациенти со симптоми на грип и потребата за навремена терапија со тамифлу кај пациентите со ризик (деца под две години, бремени жени и хронично болни лица). Лекот Тамифлу е бесплатен и пациентите со рецепт од матичниот лекар може да го подигнат во петте  поликлиники во Скопје, во аптеките во здравствените домови низ државата, како и во службите за Итна медицинска помош.

grip

Би можело да ве интересира

Грипот зема уште еден живот – почина пензионер од Штип

Горан Наумовски13/03/2025 - 17:24

ИЈЗ: Се зголемува бројот на заболени од грип

Горан Наумовски27/02/2025 - 10:47

Две лица од Скопје и Штип починаа од грип, се зголемува бројот на заразените

Горан Наумовски06/02/2025 - 15:10

Се зголемува бројот на заболени од грип

Горан Наумовски16/01/2025 - 11:49

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он08/11/2024 - 15:46

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

А1он21/10/2024 - 08:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен