Двајца скопјани обвинети за тешка кражба од возило

Од:

Обвинителен предлог против двајца скопјани, кои како соизвршители сториле кривично дело – тешка кражба, поднесе Основното јавно обвинителство Скопје.

-Обвинетите вчера на ул. „Њуделхиска“ во Скопје, на паркинг простор пред еден супермаркет, се приближиле кон паркиран автомобил „Форд фокус“ со тетовски регистарски ознаки, со употреба на сила дејствувале на стаклото од совозачката страна и го скршиле. Тие од совозачкото седиште одзеле женска чанта во која имало пари и други предмети во вкупна вредност од 15.000 денари, соопшти Јавното обвинителство.

За еден од обвинетите се определените мерки на претпазливост, додека за другиот, надлежниот јавен обвинител процени дека и натаму постои опасност тој да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, особено затоа што тој и претходно бил сторител на ваков вид кривични дела. Од тие причини јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставиl и предлог за продолжување на определената мерка притвор за ова лице.

Би можело да ве интересира

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница