Двајца повредени по пад од мотоцикл на локален пат кај Куманово

Од:

Две лица се повредени од кои едно потешко при пад од мотоцикл вчера на лoкалниот пат с.Г.Коњаре-с.Четирце.

Како што соопшти МВР, четириесет и тригодишниот Б.Ј. од с.Четирце-кумановско, се здобил со тешки телесни повреди, откако изгубил контрола над мотоцикл „jамаха“ со кумановски регистарски ознаки кој го управувал, при што паднал на коловозот.

Со повреди се здобил и 17-годишен сопатник, по што двајцата биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување лекарска помош.

Случајот бил пријавен во полиција вчера во 17.30 часот. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он