Двајца битолчани краделе бакарни цевки во струшката „Специјална болница за нефрологија“

Од:

Полицијата поднесе кривични пријави против двајца битолчани кои се сомничат дека извршиле тешка кражба.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ѓ.В.(29) и Б.В.(23), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“.

Тие, во периодот од март до мај оваа година, во кругот на ЈЗУ„Специјална болница за нефрологија“, на улицата „Партизанска“ во Струга, со употреба на остар алат, насилно пресекле и одзеле повеќе бакарни цевки, а на 30.5.2022 година ја пресекле цевката на централниот довод за медицински гас до операционата сала во зградата при што направиле дефект на системот за довод на медицински гасови.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он