Дваесетгодишник од Делчево со украдена картичка подигал пари од банкомат

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 20-годишниот Н.И. од Делчево. Во соопштението од полицијата се вели дека момчето се товари поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

– Пријавениот, Н.И (20) во периодот од август до декември 2019 и јануари 2020 во пет наврати од неговиот вујко одзел платежни картички, на кои бил напишан пин кодот, при што подигал парични средства, соопштија од полицијата.

Паричните средства кои биле подигнати од банкоматите како што додаваат изнесуваат 54.640 денари.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он