Два лета на скопскиот аеродром откажани поради магла

Од:

Поради магла на Меѓународниот аеродром во Скопје до 15:00 часот се откажани ноќниот/утринскиот лет од/до Белград на „Air Serbia“ и летот до Фридрихсхафен на „Wizz Air“.

Како што информираат од Меѓународниот аеродром во Скопје, утринскиот лет од/до Истанбул на „Turkish Airlines“ беше откажан, но за денеска беше најавен дополнителен лет (време на пристигнување во 15:20 часот, време на полетување во 16:05 часот од скопскиот аеродром).

Двата лета на авиокомпанијата „Wizz Air“ (Дортмунд и Малпенса) биле пренасочени кон аеродромот во Приштина.

Летот од Љубљана на „Wizz Air“, пак, бил пренасочен кон Софија.

– Сите други редовни летови се со одредено пократко или подолго доцнење, информираат од Меѓународниот аеродром во Скопје.

Би можело да ве интересира

Маж заработи пријава за тероризам откако излажа дека е подметната бомба во авион на Скопскиот аеродром

Дојава за бомба во авион на скопскиот аеродром, летовите се нормализирани

Катерина Ѓуровски

Симулациска вежба за вонредни состојби на Меѓународниот аеродром Скопје

Одложени неколку летови на Скопскиот аеродром

А1он

Од Скопје ќе се лета за Дубаи, од Охрид за Истанбул

На скопскиот Аеродром запленети Ајфони вредни 1,8 милиони денари