Два активни пожари, состојбата кај селото Николиќ е под контрола

Од:

Два пожари се активни утрво во земјава информира центарот за управување со кризи. Во пресекот кој се однесува на состојбата заклучно со 8 часот, се вели дека изгаснати се 18, а еден пожар е под котрола.

Активни пожари има кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци во Велешко, каде што гори мешана шума и кај селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина во Општина Македонски Брод, каде што се зафатени деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација.

Под контрола е пожарот кај дојранското село Николиќ, каде што гори нискостеблеста шума.

Изгаснати се 18 пожари на отворен простор и тоа кај:

Општина Чучер Сандево: село Горњани (нискостеблеста шума)
Општина Чучер Сандево: над Црквата Св.Троица кај село Чучер (мешана шума)
Општина Гази Баба: Смилковско Езеро (ѓубре)
Општина Гази Баба: село Раштак према село Љуботен (ѓубре)
Општина Сарај: село Љубин (ѓубре)
Општина Сарај: село Крушопек према село Лака (ѓубре)
Општина Кисела Вода: бул. Борис Трајковски (градежни материјали)
Општина Битола: населба Баир (ѓубре)
Општина Долнени: село Црнилиште (депонија)
Општина Долнени: село Слепче (ниска вегетација)
Општина Кичево: ул.Прилепска (дива депонија)
Општина Струга: село Враништа (стрниште)
Општина Штип: Лакавички пат (нискостеблеста шума и ниска вегетација)
Општина Пробиштип: село Петршино (ниска вегетација)
Општина Куманово: село Четирце (ниска вегетација)
Општина Куманово: село Пчиња (нискостеблести растенија и ниска вегетација)
Општина Кратово: село Туралево (грмушки и ниска вегетација)
Општина Теарце: село Слатино (ѓубре и ниска вегетација)

Би можело да ве интересира

Сѐ уште гори во близина на Тиквешкото Езеро

А1он

ЦУК: Активни се пет пожари, три ставени под контрола

А1он

ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено

А1он

Пожарот во тетовско повторно се разгоре ноќеска

ВИДЕО: Огнот се закани на дел од објектите, пожарот во Јасен не е под контрола

Се уште активен пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје